„Не прикривај. Пред другите… И пред себе.
Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина.
Тука сме за тебе“

Преку кампањата „Тука сме за тебе“ која ја реализираме во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини, сакаме пред сè да ја истакнеме важноста и потребата не единствено од правна туку и од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.

Долгогодишната искуство во нудење на услуги и поддршка на оваа група на жени ни покажало дека силното чувство на страв и срам прави тие да не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат, а стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.

Преку разговор и советување со нашите стручни лица тие може да ја добијат потребната правна, но и психо-социјална поддршка и разбирање и заеднички да дојдеме до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами.

Тука сме тебе
Организација на жените на општина Свети Николе
НВО КХАМ Делчево
ЕХО Едукативно-хуманитарна организација