Здружение Организација на жените на општина Свети Николе

Информации

Општина на делување: Свети Николе

Адреса: Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе

Телефон за контакт: +389 (0) 32 444 620

Вебсајт: womsvetinikole.org.mk

Мејл за контакт: info@womsvetinikole.org.mk

Социјални мрежи

Facebook

Instagram

LinkedIn

Youtube

Twitter

За организацијата

Идејата за формирање на здружението Организација на жените на општина Свети Николе беше поттикната од страна на жени-борци за човековите права, пред се борци за почитување и афирмирање на правата на жените. На локално ниво иницијативата ја покренаа 7 жени од општина Свети Николе кои се водат како основачи на Здружението, а врз основа на слободно здружување на граѓанките за остварување на нивните интереси и превземања на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите. Организацијата е продолжување на поранешното женско движење во Македонија и дејствува како невладина, непрофитна и независна организација која како правен субјект постои со решение издадено од Основен суд Свети Николе од Декември 1990 година.

Визија, мисија, програми

Визија: ОЖОСВН е водечка сила на женското и граѓанското движење, која создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите граѓани.

Мисија: ОЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните и граѓанките и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките.

Во согласност со визијата и мисијата на организацијата, продолжуваме да работиме на трите главни програми: Програма за човекови права со акцент на правата на жените, Програма за деца и млади и Здравствена програма, а со пофокусирани и специфични цели на делување.

Цели

Стратешка цел 1: Придонес кон подобра здравствена заштита на населението

Стратешка цел 2: Младите се препознаени во општеството како значајни чинители кои влијаат и придонесуваат кон позитивни промени во заедницата

Стратешка цел 3: Придонес кон почитување и унапредување на човековите права, со акцент на правата на жените

Методите на работа се инклузивни кон сите конституенти. Ги вклучуваме во сите фази од реализирање на некоја активност, преку истражување, анкети, при планирање на активности, при имплементација на истите и нивна евалуација. ОЖОСВН е препознатлива во средината во која работи и има одлична соработка со локалните општествени чинители, локални организации и институции, здруженија на граѓани и во многу мала мера со локалниот бизнис сектор. Фокусот на ОЖОСВН е на жените и младите на локално ниво, но работи и со жени и девојки на регионално и национално ниво. Најчесто иницираме, поддржуваме и реализираме заеднички акции и активности во партнерства со нашите конституенти, партнери и институции кои се во интерес на нашите целни групи и се залагаат за исти каузии влијаат и придонесуваат кон позитивни промени во заедницата.

Канцеларии

Тим

Даниела Панева
Правна советничка

Игор Гавевски
Адвокат